Дома Македонски спорт Мак фудбал Арсовска најави помош: Вардар е најголема спортска гордост, не смеело да се дозволи да игра во втора лига

Арсовска најави помош: Вардар е најголема спортска гордост, не смеело да се дозволи да игра во втора лига

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најави дека е спремна градот да помогне на Вардар кој како што е познато веќе втора сезона игра во втората лига.

Во изјавата Арсовска посочи дека не смеело ниту да се дозволи ваква ситуација во која Вардар игра во втора лига. Сепак, како што вели одлуката за помошта не може да биде еднострано донесена.

„Вардар е најголема скопска гордост. Претходното раководство ги има пресечено сите релации со Вардар. Градот Скпоје во моментов нема никаква поврзаност со фудбалскиот клуб. Тој е во приватна сопственост, иако сметам дека тоа не е најдобро решение.

Од наша страна има расположение да помогнеме, но тоа не е еднострана одлука која треба да се донесе. Не смеело да се дозволи Вардар да испадне во Втората лига“, изјави Арсовска во гостувањето на Канал 77.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Патот до СП 2030 се менува: што навистина значи проекцијата за Македонија?

Новиот квалификациски модел би ѝ отворил на Македонија можност да се бори за директен плас…