Дома Трансфер зона Арсенал ќе ја напаѓа титулата со Бака!

Арсенал ќе ја напаѓа титулата со Бака!

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Милан, Карлос Бака и сака да го донесе на „Емирати“ во јануарскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал игра одлично оваа сезона и е еден од главните кандидати за титулата, а Венгер смета дека му е неопходен централен напаѓач од светска класа за да ги зголеми шансите за титулата.

Карлос Бака одлично би се вклопил во стилот на игра на „топџиите“ и без сомнеж ќе биде големо засилување, а предност е тоа што ќе може да игра во Лигата на шампиони.

Веќе подолго време се шпекулира дека Бака би можел да го напушти Милан во зимскиот преоден рок, а „росонерите“ се спремни да го пуштат напаѓачот за сума помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…