Дома Трансфер зона Арсенал ја „краде“ ѕвездата на Милан

Арсенал ја „краде“ ѕвездата на Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Хакан Чалханоглу.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“,  но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“ и веќе започна преговори со неговиот агент, но двете страни не можат да се договорат.

Ситуацијата будно ја следи Арсенал кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и да го донесе на „Емирати“. Покрај „топџиите“ за плејмејкерот интерес покажуваат уште Челзи и Јувентус.

Милан ќе се обиде по секоја цена да избегне такво сценарио и веќе ја подобрил понудата за турскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…