Дома Трансфер зона Арсенал ја „краде“ бразилската ѕвезда пред носот на Милан

Арсенал ја „краде“ бразилската ѕвезда пред носот на Милан

Арсенал е на добар пат да го победи Милан во трката за потписот на бразилскиот репрезентативец Евертон, пренесуваат англиските медиуми.

23-годишниот крилен напаѓач имаше одличен настап за Бразил на Копа Америка и не крие дека сака ова лето да се пресели во Европа.

Милан уште пред неколку месеци започна преговори со Гремио, но сега Арсенал ќе се обиде да го „украде“ Бразилецот пред носот на „росонерите“.

Раководните луѓе на Арсенал веќе пристигнале во Бразил и за потписот на Евертон се спремни да платат 28 милиони евра, плус 12 милиони во форма на бонуси.

Доколку Гремио ја прифати оваа понуда се очекува во следните денови трансферот да биде комплетиран и Евертон да пристигне во Лондон на медицински прегледи.

„Топџиите“ се во потрага по крилен напаѓач, па откако пропаднаа преговорите за Вилфред Заха се насочија кон бразилскиот репрезентативец.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Клоп има мета од 60 милиони евра

Ливерпул оваа година после 30 години чекање конечно ќе стигне до титулата во Премиер лигат…