Дома Фудбал Арсенал со најлош старт во историјата, а сега му гостува на шампионот

Арсенал со најлош старт во историјата, а сега му гостува на шампионот

После поразот во првото коло од Премиер лигата, Арсенал вчера загуби и во лондонското дерби од Челзи.

После две одиграни кола тимот на Артета е без освоен бод, но и без постигнат гол.

Тоа е најлошиот почеток во целата клупска историја на Арсенал – 118 сезони во некое од првите четири нивоа на англискиот фудбал и општо 128 години во кои Арсенал учествува во некаква форма во првенството на Англија.

Во третото коло Арсенал ќе гостува кај шампионот Манчестер Сити, па сериозно му се заканува уште еден пораз.

Веќе почна да биде нестабилна позицијата на тренерот Артета, кој го запиша 20-от пораз на 60 меча на клупата на „топџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чолаковски ја отвори гол-сметката, Перт ја прекина серијата порази со 4-0

Стефан Чолаковски погоди во убедливиот триумф над Аделаида Јунајтед, со кој Перт Глори сти…