Дома Топ вести Арсенал скапо ќе ја плати грешката: Нуди богатство за „своето дете“

Арсенал скапо ќе ја плати грешката: Нуди богатство за „своето дете“

0

Европските гиганти се „тепаат“ за потписот на новата холандска ѕвезда и член на ПСВ, Донјел Мален.

Овој 20 годишен фудбалер кој ја помина академијата на Ајакс и Арсенал игра одлична сезона и на 12 настапи постигна 9 голови. Неодамна се прослави кога во натпреварот против Витесе ги постигна сите пет гола за својот тим во победата од 5:0.

Мален пристигна во ПСВ за само еден милион евра, но неговата цена вртоглаво порасна, а Арсенал сака да ја исправи грешката и да го врати на „Емирати“.

ПСВ за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која наводно Арсенал е спремен да ја плати со тоа да ја исправи грешката што лесно се откажа од „своето дете“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед спрема зимска „бомба“ од 80 милиони

Манчестер Јунајтед е спремен во зимскиот преоден рок да потроши голема сума на засилувања,…