Дома Фудбал Арсенал после „драма“ обезбеди полуфинале во ФА Купот (видео)

Арсенал после „драма“ обезбеди полуфинале во ФА Купот (видео)

Арсенал е вториот полуфиналист во ФА Купот откако го елиминира Шефилд Јунајтед со 1:2.

Домаќините подобро го отворија мечот и постигнаа гол во воведните минути, но интервенираше ВАР и го поништи.

Потоа Арсенал наметна свое темпо и дојде во водство во 25-та минута преку Пепе, кој беше сигурен од белата точка. До крајот на полувремето „топџиите“ имаа шанси да ја зголемат предноста, но не ги искористија.

Шефилд се врати во 86-та минута со голот Мекголдрик, а две минути подоцна ја погодија и стативата.

Во 91-та минута Себаљос постигна гол и му донесе полуфинале на „топџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчо бара три милиони евра: Хетафе отпадна, саудиска понуда е во игра

Џејдон Санчо не ја прифатил понудата на Хетафе, а клуб од Саудиска Арабија е подготвен да …