Дома Трансфер зона Арсенал и Ливерпул во битка за ѕвездата на Лион!

Арсенал и Ливерпул во битка за ѕвездата на Лион!

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал и Ливерпил на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лион и француски репрезентативец, Александре Лаказет.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Топџиите“ веќе се помирија со фактот дека на лето ќе го загубат Алексис Санчез, кој најави заминување, па Лаказет е прв избор за негов наследник.

Арсенал и минатото лето се обиде да го донесе францускиот репрезентативец, но понудата од 35 милиони фунти експресно беше одбиена од страна на Лион.

Меѓутоа сега и самиот Лаказет призна дека ја игра последната сезона во Лион. Тој оваа сезона блеска и веќе има постигнато 25 гола, но проблем за „топџиите“ е што за него интерес покажуваат уште Атлетико Мадрид и Ливерпул.

Јирген Клоп во него гледа идеална замена за Даниел Стариџ, па сигурно двата клуба ќе водат голема битка за неговиот потпис, а цената на трансферот може да достигне и до 55 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…