Дома Фудбал Англија Арсенал испрати нова понуда за Вилфред Заха

Арсенал испрати нова понуда за Вилфред Заха

Арсенал се уште нема донесено големо засилување, а како што стојат работите тешко може да се очекува такво нешто.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, најголемата надеж ја гледаат во доаѓањето на Вилфред Заха од Кристал Палас.

Арсенал преговара со неколку играчи, но се надеваат дека ќе успеат да го скршат отпорот од челниците на Палас и да го донесат Заха.

Првата понуда од 50 милиони евра која ја испрати Арсенал е веднаш одбиена, но Топџиите не се откажуваат, па сега е испратена нова.

Овој пат, челниците на Арсенал испратиле парична понуда плус три играчи кои би ја продолжиле кариерата во Кристал Палас.

Се работи за Елнени, Џенкинсон и Чемберс. Ако го земеме фактот што десниот бек, Ван Бисака замина од Кристал Палас, Џенкинсон би можел да биде соодветна замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мереска добива шампионски тим – подготвени се две фантастични засилувања!

Енцо Мереска ќе биде назначен како нов менаџер на Манчестер Сити во текот на следната неде…