Дома Фудбал Англија Арсенал им се врати на победите, Њукасл тоне се подлабоко 🎥

Арсенал им се врати на победите, Њукасл тоне се подлабоко 🎥

Фудбалерите на Арсенал го совладаа Њукасл со 2:0 во рамките од 13. коло во Премиер лигата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Топџиите“ беа во одлична серија до минатото коло кога доживеаа тежок пораз од Ливерпул, но денес им се вратија на победите, додека Њукасл остана закован на дното. Во првите 45 минути на дуелот на „Емирати“ немаше погодоци, а Арсенал беше подобриот противник на теренот. Обамејанг го имаше едно од најголемите промашувања во кариерата пред крајот на првиот дел (тука).

Во продолжение тимот на Артета сепак успеа да стигне до победата. Прво Сака после една одлична акција погоди за 2:0 во 56. минута за конечниот резултат да го постави резервистот Мартинели во 66. минута.

До крајот на натпреварот Арсенал мирно ја одржуваше предноста и дојде до важни три бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Легендарниот Сидорф ги изненади сите со изборот за најдобар во светот: Тој е неверојатен!

Легендарниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф (50) го означи напаѓачот на ПСЖ, Хвича Квар…