Дома Трансфер зона Арсенал за дете плаќа 70 милиони евра

Арсенал за дете плаќа 70 милиони евра

Цените на фудбалерите одамна ја преминаа реалноста, а се почесто и младите се продаваат за астрономски суми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Новата ѕвезда во најава е 16- годишниот напаѓач на Лион, Вилем Гебелс. На овој фудбалер кој дебитираше и за првиот тим на Лавовите му се предвидува голема кариера и за него веќе лудуваат европските гиганти.

Меѓу нив е и екипата на Арсенал. Топџиите изразија желба за доведување на овој фудбалер, а Лион постави неверојатна цена. За Гебелс бара неверојатни 70 милиони евра.

Оваа сума е навистина луда ако се знае дека младиот фудбалер има договор на уште една година, па Лион се обидува да заработи што повеќе на овој фудбалер.

Покрај Арсенал, интерес за младиот фудбалер покажуваат Сити, Челси, Барселона, Баерн, Монако и Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус продолжува да преговара со Влаховиќ за нов договор

Јувентус се подготвува за решавачката фаза во преговорите за нов договор со напаѓачот Душа…