Сегашниот голман на Веспрем и поранешен на Вардар, Арпад Штербик на крајот од сезоната ќе го напушти ракометот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Штербик нема да биде заборавен од македонската спортска јавност затоа што тој беше еден милениците на публиката кога во 2017 година Вардар ја освои европската титула.
Од Вардар Штербик се пресели во Веспрем со кој потпиша договор на две години. Договорот со Унгарците му завршува на крајот на оваа сезона, а тогаш тој ќе објави и дека официјално се повлеува од професионалното играње ракомет.
Покрај Вардар и Веспрем, Штербик во кариерата го носеше дресот на Барселона и Сиудад Реал.