Дома Фудбал Репрезентации Аргентинците сега почнуваат да го ценат она што Меси го направи во 2014 година

Аргентинците сега почнуваат да го ценат она што Меси го направи во 2014 година

Лионел Меси во својата кариера освои се што можеше да освои, но многумина му замеруваат што не успеа да направи нешто поголемо со репрезентацијата на Аргентина.

Меси со „Гаучосите“ неколку пати играше во финалето на Копа Америка, а има и финале на Светското првенство во 2014 година кое се играше во Бразил.

Аргентинците во 2014 година стигнаа во финалето, но во тоа финале на продолженија беа поразени од Германија со 1:0.

Иако многумина му приговараат на Меси за тоа што не освоил ништо, изгледа сега аргентинските медиуми почнуваат да сфаќаат дека Меси во таа година направил многу и покрај тоа што не стигнал до трофејот.

Во центарот на вниманието сега е составот од финалето, а многумина порачаа дека е огромен успех што Меси со ваков тим успеал да ја одведе Аргентина до финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Сити изедначи преку сомнителен пенал 🎥

Maнчестер Сити против Борусија Дортмунд го изедначи резултатот, но се чини после ситуација…