Дома Фудбал Аргентинците во чудо: Погледнете во кој состав ќе настапат Хрватите против Исланд

Аргентинците во чудо: Погледнете во кој состав ќе настапат Хрватите против Исланд

Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ за последниот натпревар од групната фаза спрема состав кој ќе ги фрли во очај Аргентинците.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, нивниот селектор има намера да направи дури десет промени во однос на составот со Аргентина. Единствениот кој би требало да остане во почетниот состав е Иван Перишиќ, а дури седум фудбалер ќе дебитираат на ова СП.

Овие вести сигурно нема да му се допаднат на селекторот на Аргентина, Сампаоли, на кој му треба победа против Нигерија и пораз на Исланд.

Веројатниот состав на Хрватска против Исланд: калиниќ, Једвај, Пивариќ, Чалета-Цар, Чорлука, Бадељ, Брадариќ, Ковачиќ, Пјаца, Перишиќ, Крамариќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Кејн ја освои „Златната топка“ – Англија чекаше од 2001!

Хари Кејн е добитник на „Златната топка“ за 2026 година по фантастична сезона со Баерн Мин…