Дома Македонски спорт Мак фудбал Аргентинец пристигна во Струмица: Акоста потпиша за Академија Пандев

Аргентинец пристигна во Струмица: Акоста потпиша за Академија Пандев

Eкипата на Академија Пандев денес го промовираше новото засилување, а тоа е Аргентинецот Федерико Акоста.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за фудбалер кој има 26 години и игра на позицијата централен дефанзивец, во Струмица пристигнува со цел да ја зацврсти одбраната за новата сезона.

Во редовите на Академија Пандев тој пристигнува од италијанскиот нисколигаш Бавено, а во кариерата играше уште за Вила Далмине, Бока Гибралтар, Палмезе и Баргоманеро.

Академија Пандев после четири кола во ПМФЛ со четири бода се наоѓа на шестата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …