Дома Фудбал Араухо го навреди Еспањол, па мораше да се извинува🎥

Араухо го навреди Еспањол, па мораше да се извинува🎥

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо влезе во вербална пресметка со противниците за време на каталонското дерби, па мораше да се извинува.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дефанзивецот поради повреда на полувреме го напушти теренот, но се потруди да стане голем непријател на Еспањол. Тој во текот на мечот стана од клупата и почна да вика кон противничките фудбалери.

„Вратете се во втората лига. Одете назад“, викаше Араухо.

Ова наиде на многу реакции од страна на навивачите на Еспањол, а денеска Араухо се извини за својот непромислен потег.

„Сакам да им се извинам на сите поради мојот потег. Тоа беше предизвикано поради тензиите во дербито. Јас ги почитувам своите ривали и жал ми е поради тоа што се случи“, истакна Араухо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…