Дома Фудбал Италија Арапи можеле да станат газди на Елмас, Де Лаурентис се огласи!

Арапи можеле да станат газди на Елмас, Де Лаурентис се огласи!

Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис порача дека во овој момент не размислува за продажба на својот клуб.

Првиот човек на Наполи откри дека имал голема понуда од Саудиска Арабија.

„Ми понудија 2.5 милијарди евра. Меѓутоа немав никаква дилема. Веднаш ги одбив“, порача Де Лаурентис, па даде и објаснување.

„Наполи е семејна играчка и не ја даваме на никого“.

Актуелната сезона на Наполи е една од најдобрите во историјата на овој клуб, тимот е на чекор од титула во Серија А на која чекаат од времето на Марадона, но исто така ќе играат и четвртфинале во Лигата на шампионите против Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …