Раководството на Ал-Хилал го губи трпението со Нејмар, кој не одигра речиси ништо за една и пол сезона, иако беше доведен како најголема ѕвезда во екипата.
Нејмар беше платен дури 90 милиони евра во август 2023 година, а освен тоа Нејмар има астрономска плата од дури 100 милиони евра по сезона или 200 милиони за двегодишен договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако е под договор до летото 2025 година, Ал Хилал размислува да го раскине истиот во јануари.
Доколку Нејмар си замине од Ал-Хилал, негова желба е да се врати во Барселона, но тешко дека за него ќе има место кај Каталонците, пред сè поради финансиските проблеми кои ги имаат.