Дома Фудбал Анчелоти со многу пофални зборови говореше за Хамес

Анчелоти со многу пофални зборови говореше за Хамес

Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти изјави дека очекува од Хамес Родригез да ја има клучната улога во составот на германскиот шампион.Баварците ќе се обидат да ја продолжат хегемонијата во Бундеслигата и да стигнат до финалето во Лигата на Шампионите.

„Хамес поседува фантастични квалитети и дури може да го подобри нивото на игра. Тој има многу добар пас, особено последниот кон напаѓачите“, изјави Анчелоти кој ја негираше можноста Артуро Видал да ја напушти „Алијанц Арена“.

„Баерн е еден од најдобрите тимови и затоа го избрав токму него. Задоволен сум што тренерот целосно ми се доверува“, изјави 26-годишниот колумбиски репрезентативец.

Потсетуваме, Хамес Родригез две години ќе мине во Баерн како позајмен играч од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски со 26 фудбалери го отвора ноемврискиот финиш во Лигата на нации

Македонија денеска ги почнува подготовките за дуелите со Шкотска и Словенија. Во составот …