Дома Фудбал Останато Анчелоти со задача до управата: Нов договор за Шпанецот!

Анчелоти со задача до управата: Нов договор за Шпанецот!

Карло Анчелоти најверојатно ќе остане тренер на Наполи и веднаш и даде задача на управата.

Како што денеска пренесува „Gazzeta dello Sport“, Карло Анчелоти и дал задача на управата, а тоа е нов договор за Хозе Калехон. Овој 32-годишен фудбалер останува без договор во текот на следната година, но најверојатно ќе добие нов двегодишен договор по позитивните вибрации на состанокот помеѓу неговите претставници и управата на клубот.

Десното крило на Наполи пристигна во клубот во 2013. година и до сега постигна 78 гола за овој клуб на 303 настапи. Што значи, Анчелоти сериозно сака да смета на него и следните сезони…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…