Дома Фудбал Италија Анчелоти: Ромањоли е најдобриот млад дефанзивец, Дибала е наследникот на Меси!

Анчелоти: Ромањоли е најдобриот млад дефанзивец, Дибала е наследникот на Меси!

Карло Анчелоти во опширно интервју за италијанските медиуми зборуваше за актуелната ситуација во италијанскиот фудбал и посебен акцент стави на две имиња.

Тоа се стоперот на Милан, Алесио Ромањоли за кој смета дека е најголем италиајнски талент во моментов и најдобар млад дефанзивец, и напаѓачот на Јуве Пауло Дибала.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Сметам дека Ромањоли е најголемиот талент кој Италија го има во моментов. На 21 година нема друг дефанзивец во светот кој игра на такво ниво. Може уште многу да напредува и сигурно ќе биде иднината на италијанската репрезентација“, истакна Анчелоти.

„Најдобриот играч во Серија А според мене е Дибала за кого сметам дека ќе биде наследник на Меси. Тој е едноставно феноменален и не може да се спореди со никој друг фудбалер. Мислам дека ќе владее во светскиот фудбал во наредните 10 години“, заклучи искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еден од најдобрите во ПСЖ откри каде сака да ја заврши кариерата: Тоа е клубот од моето срце

Маркињос, дефанзивец на Пари Сен Жермен, изјави дека враќањето во Бразил е голема можност …