Дома Топ вести Анчелоти прави „дрим-тим“, го носи Иско во Евертон

Анчелоти прави „дрим-тим“, го носи Иско во Евертон

Англиските медиуми пренесуваат дека Анчелоти сака да го донесе Иско во Евертон.

Иско оваа сезона не е во плановите на Зинедин Зидан и ретко добива шанса, а на Ел Класико камерите го снимија како приговара од клупата за резерви.

Зидан дал „зелено светло“ за негов трансфер во јануари и бара од раководството тој и Марсело да бидат продадени за добрата атмосфера во соблекувалната.

Таквата ситуација сака да ја искористи Анчелоти, кој е во одлични односи со Иско и да го донесе во Евертон.

По истиот принцип италијанскиот стратег ова лето го донесе Хамес Родригез, а „карамелите“ нема да жалаат пари да го донесат Иско во своите редови.

Проблем за Анчелоти е што Иско не сака да прави трансфер на средина од сезоната, па Италијанецот ќе треба да го убеди плејмејкерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Николов дел од историската победа над Реал, ПСЖ го доби дербито со Сити🎥

Шериф Тираспол на Бобан Николов го приреди најголемото изненадување во поновата историја н…