Дома Фудбал Англија Анчелоти откри зошто го одбил Манчестер Јунајтед

Анчелоти откри зошто го одбил Манчестер Јунајтед

Легендарниот италијански тренер, Карло Анчелоти откри дека Сер Алекс Фергусон му понудил да биде менаџер на Манчестер Јунајтед.

Анчелоти, кој е одличен пријател со Алекс Фергусон, бил поласкан од понудата, но одбил бидејќи во тој период преговарал со Реал Мадрид.

„Се уште имам одлични односи со Сер Алекс. Бевме на некој состанок кога тој реши да стави крај на кариерата. Сакаше да бидам менаџер на Јунајтед, но јас тогаш преговарав со Реал. Голема чест за мене беше тоа што тој разговараше со мене. Подоцна веќе немаше разговори на таа тема“, откри Анчелоти.

„Манчестер јунајтед е фантастичен клуб, со фантастичен тим, сум имал многу битки против Сер Алекс Фергусон кога бев тренер на Челзи. Имам голема почит за Јунајтед како клуб, тоа е историски клуб како Милан, Реал Мадрид…“, додаде Италијанецот.

Манчестер јунајтед потоа го ангажираше Дејвид Мојс, а Анчелоти седна на клупата на Реал Мадрид каде освои Лига на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Николов дел од историската победа над Реал, ПСЖ го доби дербито со Сити🎥

Шериф Тираспол на Бобан Николов го приреди најголемото изненадување во поновата историја н…