Дома Фудбал Анчелоти: Модриќ воопшто не е среќен

Анчелоти: Модриќ воопшто не е среќен

Карло Анчелоти на денешната прес конференција истакна дека Реал Мадрид завршил со трансфери за ова лето.

Анчелоти потврди и дека Лука Модриќ не е среќен поради малата минутажа која ја добива на почетокот на сезоната.

Модриќ имаше неколку понуди од Саудиска Арабија, но и покрај тоа реши да остане во шпанскиот гигант.

„Модриќ во Саудиска Арабија? Лука веќе реши да остане. Тој не е среќен затоа што не игра, но ќе добие минутажа. Тоа е сигурно. Ќе ни треба неговата помош оваа сезона“, кажа Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона се налути и вечерва нема да им оддаде почит на своите светски шампиони

На првиот меч на домашен терен сезонава против Атлетик Билбао, Барселона нема да им оддаде…