Една недела откако ја совлада Барселона на гостувањето во Ел Класико, Реал Мадрид киксна во натпреварот од 12. коло на Примера на Сантијаго Бернабеу, играјќи само 0:0 против Рајо Ваљекано.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Капитенот на хрватската репрезентација и Реал Лука Модриќ играше до 69. минута кога наместо него во игра влезе Родриго.
Марка во својот коментар по натпреварот истакна дека Анчелоти погрешил што не го оставил Модриќ во игра, а со тоа се согласил и Италијанецот.
„Модриќ беше многу добар. Тој одигра фантастичен натпревар. Не заслужи да биде изваден. Можеби можев да го сменам Камавинга или Валверде. Сакав да се префрлам на 4-3-3 со Родриго“, изјави тренерот на Реал, и додаде:
„Се обидовме со се, дадовме се од себе, но ова е фудбал и такви работи се случуваат. Нема драма. Ние сме во добра позиција и во Ла Лига и во Лигата на шампионите. Ќе продолжиме вака“.
Реал во текот на натпреварот имаше 63 отсто посед на топката, а кон противничкиот гол упати 22 удари, од кои пет во рамките на голот. Нашиот Столе Димитриевски беше брилијантен и ја доби наградата за играч на натпреварот.