Дома Трансфер зона Анчелоти избра, замената за Алонсо пристигнува од Лион!

Анчелоти избра, замената за Алонсо пристигнува од Лион!

Карло Анчелоти избра наследник на Чаби Алонсо во германскиот гигант, а тој настапува за тимот на Лион, Корентин Толисо.

Толисо кој има 22 години оваа сезона прикажуваше фантастични настапи. Поради тоа се поврзуваше со голем број клубови, најсериозен во намерата беше италијански Јувентус кој во текот на целата сезона се поврзуваше со одличниот фудбалер. Сепак, „бјанконерите“ на крајот се откажаа, сега по неговиот потпис тргнува Баерн Минхен.

Имено, како што пренесува „Л’Eкип Германците започнале преговори со францускиот клуб во врска со евентуалното ангажирање на 22 годишниот фудбалер.

Баерн сака што побрзо да ја заврши работата, а познато е дека се одлични преговарачи. Се очекува клубот од Минхен за услугите на Толисо да плати 40 милиони евра, би било нов клупски рекорд за францускиот кллуб.

Во овој момент рекордот го држи Микел Есиен кој во 2005 година за 38 милиони евра дресот на Лион го замени со оној на Челзи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ѕвездата на Украина пред трансфер во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е во напредни преговори за трансфер на украин…