Дома Фудбал Анчелоти за Асенсио: Не ми е гајле дали ќе остане или ќе замине

Анчелоти за Асенсио: Не ми е гајле дали ќе остане или ќе замине

Марко Асенсио игра одлично оваа сезона во Реал Мадрид, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Асенсио засега не доби понуда за продолжување од Реал Мадрид, што значи дека веќе е слободен да преговара со заинтересираните клубови.

Тренерот Карло Анчелоти беше запрашан за иднината на Асенсио и даде интересен одговор.

„Не знам дали ќе остане или ќе замине. Искрено, не ми е гајле. Имаме големи предизвици пред нас до крајот на сезоната и најважно е да го дава максимумот на теренот. Нека продолжи да игра вака, а клубот ќе донесе конечна одлука“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус има нов голман

Бразилскиот фудбалски голман Норберто Нето потпиша договор со Јувентус кој важи до крајот …