Дома Трансфер зона Анчелоти загрижен: Реал Мадрид не може да најде замена за Касемиро

Анчелоти загрижен: Реал Мадрид не може да најде замена за Касемиро

Последните најави од Островот и Шпанија се дека Манчестер Јунајтед го завршил трансферот на Бразилецот Касемиро за 70 милиони евра, а сега се тврди дека стратегот на Реал Мадрид Карло Анчелоти е загрижен поради ваквата ситуација.

До крајот на преодниот рок нема уште многу време и Италијанецот е загрижен затоа што смета дека во овој момент во својот тим нема адекватна замена за Касемиро.

За Анчелоти Касемиро е клучен играч во средниот ред и играч каков него тешко може да се најде.

„Анчелоти смета дека Касемиро е незамнелив за овој краток период до крајот на преодниот рок“, објави новинарот Еду Агире.

Доведе Реал млади играчи како Чуамени и Камвинга и на нив потроши 150 милиони евра, меѓутоа се уште тие не се играчи кои можат во целост да ја преземат задачата која ја извршуваше Касемиро во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ бара напаѓач, прва мета Влаховиќ

Душан Влаховиќ беше еден од најбараните напаѓачи во Европа и во јануари се пресели во Јуве…