Дома Фудбал Анчелоти: Дали би отишол во Саудиска Арабија за 500 милиони евра? Не, не ми требаат пари

Анчелоти: Дали би отишол во Саудиска Арабија за 500 милиони евра? Не, не ми требаат пари

Карло Анчелоти вчера одржа прес-конференција пред натпреварот кој Реал викендов ќе го одигра на гостувањето кај Бетис во рамките на 16. коло од шпанската Ла Лига.

На пресот тој коментираше повеќе теми, а се осврна и на една голема вест од светот на голфот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Да потсетиме, Џон Рам, голфер од Шпанија, е новиот најплатен голфер во светот. Тој стана повеќе платен од кој било друг играч на голф потпишувајќи договор вреден 300 милиони евра со ЛИВ голф лигата од Саудиска Арабија.

Договорот ќе трае најмалку три години, а наводно има опција за продолжување, пишува ESPN.

По повод таа вест Анчелоти беше запрашан дали ќе замине во Саудиска Арабија доколку некој клуб му понуди договор од 500 милиони евра.

Без многу размислување одговори. “Воопшто не би резервирал лет, би одел до таму пеш. Не, не. Се шегувам. Не ми требаат пари. Светот се менува и ќе продолжи да се менува”, рекол тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…