Дома Фудбал Анчелоти беше прашан за Мбапе: Не очекував такво прашање

Анчелоти беше прашан за Мбапе: Не очекував такво прашање

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти денес очекувано беше прашан за евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе.

Реал Мадрид е во напредни преговори и медиумите тврдат дека наскоро Мбапе ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Анчелоти пред мечот со Бетис истакна дека не се занивама со шпекулации.

„Не очекував прашање за Мбапе“, со насмевка одговори Анчелоти.

„Јас ве разбирам, но со тоа прашање се занимава клубот, а не тренерот. Играчите и јас размислуваме само за следниот натпревар. Мене не ме интересираат шпекулации“, истакна Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Талески ја реши драмата на „Кукуш“, Македонија У19 заврши со победа

Македонските младинци ја совладаа Малта со 3-2, со решавачки погодок на Габриел Талески во…