Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги потврди добрите вести за состојбата на Бензема пред утрешниот дуел со Ливерпул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Анчелоти потврди дека Бензема е спремен и ќе биде стартер, а тренерот има само една дилема за стартниот тим.
„Бензема е добар и утре ќе биде во стартниот состав. Споменот на претходната сезона уште е пресен, а финалето во Париз беше возбудливо. Меѓутоа, сега е поразлично, станува збор за два меча“, изјави Анчелоти.
„Отсуството на Чуамени и Крос е нешто непредвидливо, но не ме загрижува. Кој и да игра утре сигурен сум дека ќе се претстави добро. Имам само една дилема, дали да излезам со тим кој ќе има поголема контрола или со поофанзивен тим“, додаде Анчелоти.