Дома Фудбал Антони го откри најголемиот проблем за фудбалерите во Катар

Антони го откри најголемиот проблем за фудбалерите во Катар

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед и бразилската репрезентација, Антони, тврди дека иновативните стадиони со клима-уред на СП во Катар се проблем за фудбалерите.

Изминатите денови проблеми со настинка имале Антони, Алисон и уште неколку други репрезентативци.

Антони тврди дека причина за тоа се клима уредите и дека тоа е голем проблем за сите фудбалери.

„Беше тешкко, бидејќи неколку дена не се чувствував најдобро. Имав настинка и болки во грлото. Мислам дека виновни за тоа се климатизерите на стадионите. Тоа не беше случај само кај мене, туку и кај неколку други играчи беше исто. Беше тешко да прифатам дека сум болен, но сега е добро, јас сум дел од тимот кој е на располагање“, изјави Антони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почетино ќе бара засилувања од Челси? Три имиња во фокусот на Јунајтед

Поранешниот главен скаут на Јунајтед, Мик Браун, смета дека Почетино би можел во јануари д…