Oдличните настапи на напаѓачот во дресот Црвена Звезда и репрезентацијата на Гана, Ричмонд Боакје не поминаа не забележани од скаутите на големите клубови.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што пренесува „Ghanasoccernet“, одличниот напаѓач се нашол во бележникот на менаџерот на Челзи, Антонио Конте.
Наводно скаути на Челзи ќе присуствуваат на натпреварот од третото коло од групата Х во Лигата на Европа помеѓу Црвена Звезда и Арсенал во Белград, за да го следат настапот овој фудбалер.
Според споменатиот извор цената на фудбалерот на Звезда изнесува околу 10 милиони евра.