Дома Топ вести Анти-допинг комисијата на тренингот на Реал Мадрид!

Анти-допинг комисијата на тренингот на Реал Мадрид!

Утринскиот тренинг на Реал Мадрид доцнеше 15 минути бидејќи во тренинг центарот на најтрофејниот светски клуб, неочекувано во „посета“ пристигна анти-допинг комисијата на УЕФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изненадувачката посета не траеше долго. Неколку фудбалери биле тестирани на недозволени супстанци, после што Зинедин Зидан го започнал тренингот.

Оваа процедура е вообичаена, но во Мадрид не се надеваа ќе бидат посетени веднаш после репрезентативната пауза и пет дена пред продолжението од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид во најелитното натпреварување го очекуваат два натпревари во низа против Тотенхем и во овие две средби веројатно ќе биде одлучено прашањето за првото место во групата „Х“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …