Дома Останати Кошарка Антиќ: Младите мораат да ме слушаат, чувам безбол палка

Антиќ: Младите мораат да ме слушаат, чувам безбол палка

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ вчера ги забележа првите минути и поени во неговиот втор мандат во Црвена Звезда која славеше над Мега Бемакс со резултат 90:80.

Антиќ во овој натпревар успеа да постигне 10 поение и од три обиди постигна четири тројки.

„Ова е мој прв натпревар после четири месеци и среќен сум. Можам да бидам задоволен од натпреварот, три тројки од четири обиди, не е лошо. Шутот е единствената работа која сеуште ме служи…“, се пошегува Антиќ.

Покрај настапите на паркетот Антиќ како најстар во тимот (постар и од тренерот) има задача да ги држи работите под контрола.

„Чувам безбол палка во случај младите да не ме слушаат…Се шегувам, секако. Звезда има одлични момци со сериозен талент. Овој проект е навистина исклучителен и се надевам дека и во Македонија наскоро ќе имаме нешто слично’, заврши Антиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Летонија во драматично финале до злато на баскет турнирот во Токио!

Репрезентацијата на Летонија стигна до златен медал во баскет на Олимписките игри откако ј…