Легендарниот напаѓач, Тиери Анри е спремен да биде наследник на Арсен Венгер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Анри е вистинска легенда на Арсенал, па веројатно навивачите не би имале ништо против тој да го наследи Венгер. Французин за Французин, само во прашање е кога тоа може да се случи.
„Сеуште имам работа со Белгија, но ќе видиме што ќе се случи. Би било тоа остварување на сонот за мене.“ – изјави Анри и додаде:
„Дали сум заинтересиран? Како да не бидам? Но околу тоа не можам да зборувам поради почитта која ја имам кон менаџерот на Арсенал, од почитта спрема луѓето со кои работам во белгискиот фудбалски сојуз, но нормално дека сум заинтересиран.“
Анри веќе има тренерско искуство во Лондон, работеше како тренер на играчи до 18 години, а моментално е помошник на Мартинез во Белгија.