Дома Фудбал Останато Анри: Не ми се веруваше кога видов дека Макрон му се јави на Мбапе

Анри: Не ми се веруваше кога видов дека Макрон му се јави на Мбапе

Иако спортската јавност очекуваше Килијан Мбапе кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид сепак Французинот на крајот се реши да остане во ПСЖ.

Со клубот од Париз Мбапе потпиша нов договор со важност до 2025 година. На оваа тема свој коментар даде и легендарниот француски фудбалер, Тиери Анри.

„Мбапе е од огромна важност за целиот француски фудбал. Искрен да бидам и јас мислев дека си заминува, но сепак на крајот поради нешто се реши да остане.  Не знам што точно било тоа, но сигурно имало длабоки разговори кои го убедиле да го промени мислењето“.

Анри откри и дека не му се верувало кога Макрон лично му се јавил на Мбапе.

„Во живо можев да гледам кој му се јави за да остане, не ми се веруваше дека зборува со претседателот Макрон. Сите треба да сме среќни што одлучи да остане. Мбапе е од огромно значење за ПСЖ и Париз“, истакна Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Атлетико Мадрид не може да регистрира играчи

Атлетико Мадрид се најде во незгодна ситуација и не може да пријавува нови играчи, бидејќи…