Дома Топ вести Андре Гомеш ја отвори душата: Во Барселона како во пекол!

Андре Гомеш ја отвори душата: Во Барселона како во пекол!

Кога пристигна од Валенсија за 35 милиони евра, малку кој можеше да претпостави дека Андре Гомеш ќе биде големо промашување на Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Полсе две години Португалецот јавно проговори за ситуацијата и призна дека е фрустриран и дека во Барселона се чувствува како во пекол.

„Не се чуствувам добро на теренот, не уживам во она што можам да го правам. Првите шест месеци се беше добро, но потоа работите се променија. Можеби зборот не е вистински, но јас се чувствувам како во пекол. Почнав да чувствувам се поголем притисок. Со притисокот можам да се носам, но не со тој кој сам си го создавам“, искрен е Гомеш.

Португалецот тврди дека нема проблем со тренерот, на тренинзите се фокусира добро, но кога ќе дојдат натпреварите…

„Чусвтвото кое го имам на натпреварите е лошо. Многу сум смирен на тренинзите, но на натпреварите сум под стрес. Тоа ме држи, не ми дозволува да напредувам“, открива Гомеш.

„Ми се случуваше повеќе пати да не сакам да излезам од дома. Луѓето зборуваат за мене, ме критикуваат, а мене ми беше срам да излезам надвор. Се заклучувам дома и не си дозволувам себе си да му поминат фрустрациите“, ја отвори душата играчот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати се 23 екипи за новата сезона на Лигата на шампионите

Сезоната во елитниот европски фудбал се привршува и во моментов се познати имињата на 23 к…