Дома Фудбал Останато Андреа Пирло остана без клуб

Андреа Пирло остана без клуб

Италијанската фудбалска легенда, Андреа Пирло (44) повеќе не е тренер на Карагумрук, потврди турскиот прволигаш.

„Му овозможивме на Андреа Пирло и неговиот стручен штаб порано од предвиденото во договорот да го напуштат клуб за да ја планираат нивната иднина. Ќе се обидеме да победиме во преостанатите првенствени натпревари и да го искористиме времето за да направиме план за летниот преоден рок“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Среќни сме што една сезона соработувавме со Андреа на кого му се заблагодаруваме за доприносот и му посакуваме се најдобро во иднина“, објави турскиот клуб.

Пирло екипата ја презема во јуни минатата година, а договорот му траеше до јуни оваа година, а заминува нешто порано.

Негов последен натпревар на клупата беше против Трабзонспор во кој Карагумрук беше поразен со 1:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…