Дома Фудбал Англија лесно против Сенегал закажа четвртфинале со Франција

Англија лесно против Сенегал закажа четвртфинале со Франција

Репрезентацијата на Англија лесно се справи со Сенегал и славеше победа од 3:0.

Сенегал опасна репрезентација беше само во првиот половина час кога ги создаде најдобрите прилики на натпреварот. Кога не ги искористија шансите стигна казната преку Хендерсон во 38. минута.

Англија во завршницата од првото полувреме стигна и до 2:0, а стрелец на голот беше Кејн. Сенегал во второто полувреме воопшто и не се закани. За конечни 3:0 се погрижи Сака во 57. минута.

Во четвртфиналето Англија ќе игра против Франција и тој натпревар се игра на 10-ти декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мартовска битка со Кипар: Македонија ќе го брани местото во Б-дивизијата

Македонија ќе гостува во првиот бараж-дуел со Кипар, а реваншот ќе го игра дома. Двомечот …