Дома Фудбал Лига на шампиони Англичаните бесни: Цените на билет за лет до Мадрид се зголемија и за 683%!

Англичаните бесни: Цените на билет за лет до Мадрид се зголемија и за 683%!

Ливерпул и Тотенхем ќе ги одмерат силите во финалето од Лигата на шампионите.

Последниот натпревар од елитното европско натпреварување ќе се одигра во Мадрид на 1-ви јуни, а покрај високите влезници навивачите ќе мораат да издвојат и голема сума на пари за самото одење до Мадрид.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од завршувањето на полуфиналето авионските карти за директни летови до Мадрид за ден на финалето достигнуваат цена од 1.300 фунти. Голем број од картите за Мадрид се веќе распродадени, а тие што останале се навистина скапи. Картата во еден правец за ден пред натпреварот има цена од 750 фунти.
Градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам напиша твит посветен за компанијата „Easylet“ и ситуацијата ја нарече безобразна.

„Да се подигне цената на повратните летови за 683% е чисти профит од ентузијазмот на фудбалските навивачи“.

Од компанијата порачаа дека таквото подигнување на цените е природно во однос на понудата.

Секако навивачите можат да побараат и други летови, како чартер.

Компанијата „Тhomas Cook Sports“ ќе организира летови за навивачите на Ливерпул кои имаат карти за финалето, а нивната цена ќе биде 559 фунти по човек. Други компании исто така ќе овозможат летови за Мадрид за оние кои немаат карти, но и тоа нема да биде ефтино. Моменталната цена изнесува околу 650 фунти по човек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим ќе избрка три ѕвезди од Јунајтед – познати се нивните имиња!

Според медиумите, тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, нема милост и ќе избрка тр…