Дома Македонски спорт Англиските навивачи вчера играа фудбал во Скопје

Англиските навивачи вчера играа фудбал во Скопје

Вечерва во Скопје ќе се сретнат репрезентациите на Македонија и Англија, но интересен настан во организацијата на ФК Слободен се случи вчера на игралиштето во скопско Петровец.

Имено, фудбалерите на ФК Слободен играа натпревар против англиските навивачи кои допатуваа во Скопје и како што може да се забележи од фотографиите објавени на социјалните мрежи се поминало во најдобра и пријателска атмосфера.

Резултатот секако бил во втор план на еден ваков настан кој секако е вреден за обележување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Јуниорите се балкански шампиони, Македонија се враќа од Истанбул со 11 медали

Златото на јуниорскиот кумите-состав и бронзата во конкуренцијата до 21 година го заокружи…