Дома Фудбал Англија Англиските клубови можат да играат пријателски натпревари, но само под три услови

Англиските клубови можат да играат пријателски натпревари, но само под три услови

Со оглед дека веќе е познато дека сезоната во ПЛ ќе продолжи на 17. јуни со натпреварот Сити – Арсенал, клубовите сега ќе можат да играат и пријателски натпревари.

Се уште не е познато колку и кои клубови до тогаш ќе одиграат пријателски натпревари, но челниците на ПЛ дадоа три јасни услови како можат да се играат овие натпревари.

Имено, првиот услов е гостинската екипа не смее да договори гостување чие патување ќе трае подолго од 90 минути.

Вториот услов се однесува на судиите, кои нема да бидат на пријателските натпревари. Поточно, ќе има судии, но тие ќе бидат од стручните штабови на едната или другата екипа.

Последниот услов е играчите на натпреварот да патуваат со своите лични автомобили, што сигурно нема да представува голем проблем.

Останува да видиме како ова ќе изгледа кога ги биде спроведено на дело.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатни бројки: Рамос е подобар од Фиго, Чави, Роналдињо и Зидан!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е жива легенда, иако е стопер, сепак се однесува ка…