Дома Фудбал Англиската јавност „удри“ по Саутгејт поради еден играч

Англиската јавност „удри“ по Саутгејт поради еден играч

Селекцијата на Англија одлично го стартуваше мундијалското натпреварување со убедлива победа од 6:2 над Иран, но „гордиот албион“ остана без триумф во второто коло, по ремито без голови со Соединетите Американски Држави, 0: 0.

Секако, како што е вообичаено, а особено кога станува збор за фудбалската јавност на Островот, прва мета на критики по слабиот резултат беше селекторот Герет Саутгејт, а главна причина за критиките е Фил Фоден.

Напаѓачот на „граѓаните“ вчера не ни влезе во игра, додека против Иран на теренот беше само 19 минути кога веќе беше решено прашањето за победникот. Во оваа прилика се огласи и легендарниот англиски фудбалер Џејми Карагер, кој смета дека Фоден е најталентираниот играч во земјата.

„Фил Фоден одигра 19 минути на Светското првенство, дај кажете ми дека тоа е шега!! Тој е најталентираниот играч во Англија!“, напиша Карагер на својот профил на „Твитер“.

Останува да се види дали Саутгејт ќе потклекне пред притисокот на јавноста и ќе го вклучи Фоден во стартниот состав за последниот натпревар од групната фаза против Велс во вторник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…