Дома Фудбал Ангеловски се заблгодари на сите и се одјави: Ова е моја последна прес-конференција

Ангеловски се заблгодари на сите и се одјави: Ова е моја последна прес-конференција

Стефан Даскалов за Спортски од Амстердам

Македонската фудбалска репрезентација денес беше поразена од Холандија со 0:3 и така го завршивме настапот на Европското првенство. Со овој натпревар заврши и договорот на селекторот, Игор Ангеловски.

По она што тој денес го кажа на прес-конференција, многу веројатно дека нема да ја води репрезентацијата во иднина.

„Ова е моја последна прес-конференција, сакам да им се заблагодарам на сите, на целиот персонал, фудбалерите и посебно до капитенот за што направија во овие пет ипол години. Благодарност и до сите медиуми за соработката што ја имавме, на крајот сакам да се заблагодарам и на моето семејство. Мојот договор завршува на 31. јули, а ова е моја последна обврска“, изјави Ангеловски по поразот од Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јалкује го реши Хетафе, Брајтон скокна на петтото место во Конференциската лига

Голот на Малик Јалкује во 64. минута му донесе на Брајтон победа од 1-0 на гостувањето кај…