Дома Македонски спорт Ангеловски: Никој не ми кажал дали ќе останам, јас ја завршив мојата работа!

Ангеловски: Никој не ми кажал дали ќе останам, јас ја завршив мојата работа!

Селекторот на Македонија Игор Ангеловски овие денови имаше интервјуа за бројни медиуми ширум Европа, па така и за полскиот „Супер експрес“.

Една од главните теми по пласманот на Македонија на ЕП е договорот на Ангеловски. Договорот на Мрме завршува, а тој сега потврди дека од Фудбалската федерација на Македонија никoj засега не му доставил понуда за продолжување на соработката.

„Мојот договор истекува на крајот на годината и јас ја завршив својата работа. Сите знаат дека сакам да ја водам Македонија на Европското првенство наредната година. Засега никој не ми кажал дали ќе останам“, изјави Ангеловски.

На селекторската функција на Македонија Ангеловски е од 2015 година.

„Верувам дека Македонија ќе покаже што може на ЕП. Сонувма да ја поминеме групата и никој не може да ми каже дека немаме шанси. Само би сакал да се промени оваа ситуација со коронавирусот и во Букурешт да играме пред публика. Ако тоа се случи тогаш тој ќе биде обоен во црвено-жолто“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дресот со кој Меси го прослави голот навистина го носел Диего

Дресот од Њуелс Олд Бојс кој Лионел Меси го носеше под својот во текот на мечот со Осасуна…