Дома Фудбал Лига на шампиони Анализа и можни состави: ПСЖ сака три бода во Манчестер!

Анализа и можни состави: ПСЖ сака три бода во Манчестер!

Манчестер Јунајтед е домаќин на ПСЖ во еден од најинтересните натпревари од Лигата на Шампиони кои на програмата се во среда. Јунајтед славеше во Франција со 1:2, но сега ПСЖ мора да дојде до бодови и е пред императив да победи.

Јунајтед на само еден бод од пласман во следната фаза

Многу навивачи на Манчестер Јунајтед се плашеа од најлошото кога ја видоа групата Х, со вицешампионот ПСЖ и полуфиналистот од минатата сезона РБ Лајпциг кои беа поголеми фаворити од тимот на Солскер.

Сега, сепак на „црвените ѓаволи“ им е потребен само еден бод од преостанатите два натпревари против овие два тима за да го заверат своето место во нокаут-фазата. Доколку Лајпциг испушти бодови против Истанбул Башакшехир, Манчестер може да си ја заврши својата работа уште вечерва.

На многу начини, кампањата на Јунајтед во Лигата на шампионите содржеше недоследност што доведе до низа падови оваа сезона. Малкумина очекуваа победа во Париз, или пак неверојатни 5:0 против Лајпциг на другиот натпревар, но слично од нив не се очекуваше да загубат против екипата на Истанбул Башакшехир, која никогаш не победила во натпревар од Лигата на шампионите, но Манчестер загуби со 2:1.

Избраниците на Оле Гунар Солсјаер се реваншираа за тоа со победата од 4:1 на Олд Трафорд на четвртиот натпревар, повторувајќи ја контролата врз групата Х.

Тимот на Солкјер исто така треба да биде полн со самодоверба по нивниот бурен кам-бек во второто полувреме против Саутемптон во неделата, бидејќи Единсон Кавани – легенда и рекордер на ПСЖ – го инспирираше пресвртот откако влезе од клупата за резерви за четвртата последователна победа за „црвените ѓаволи“.

Тухел пред императив да победи

Избраниците на Томас Тухел расипаа уште едно водство во саботата за на крајот да ремизираат со Бордо со 2:2, оставајќи ги неприкосновените шампиони на само два бода разлика на врвот од Лига 1.

Резултатот од саботата продолжи со неконзистентна серија на ПСЖ, кој победи само два пати, загуби два пати и ремизираше еднаш на последните пет натпревари во сите натпреварувања и воопшто не успеа да победи на гости уште од Ноември.

Мора да се напомене дека Тохел имаше огромни проблеми сезонава, па и сеуште ги има. Тој долго време беше без услогите на Нејмар, Мбапе, Иккарди и уште неколку првотимци, но повторно успеа да биде на врвот во Франција и да биде втор во групата од Лигата на Шампионите.

Изгледите да не успеат да ја минат групната фаза една сезона, откако конечно за прв пат се пласираа во финалето, не доаѓаат во предвид за сопствениците на клубот, кои сепак овој трофеј го сметаат за свет грал.

Можна почетна постава на Манчестер Јунајтед:

4-3-1-2 – Хендерсон; Ван-Бисака, Линделоф, Мегваер, Телес; Фред, Матиќ, Ван де Бик; Фернандес; Рашфорд, Кавани

Можна почетна постава на ПСЖ:

4-3-3 – Навас; Флоренци, Диало, Кимпембе, Бакер; Верати, Маркињос, Ерера; Ди Марија, Мбапе, Нејмар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи го отпушти Лампард!

Френк Лампард доби отказ во Челзи после 18 месеци поминати во клубот. Денес раководството …