Дома Македонски спорт АМС ги подели ваучерите: Најмногу пари за РФМ, повторно „нула“ на сметката на ФФМ

АМС ги подели ваучерите: Најмногу пари за РФМ, повторно „нула“ на сметката на ФФМ

Aгенцијата за млади и спорт денес ги објави сумите кои ќе ги добијат федерациите и спортистите преку ваучерскиот систем за 2023 година.

Повторно и оваа година најмногу пари завршија во Ракометната федерација која добива 14 милиони денари. Зад РФМ следи Кошаркарската федерација за која ваучерот изнесува 12.3 милиони денари, потоа Одбојкарската со 10.8 милиони денари.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Како и минатата година и сега Фудбалската федерација остана без ваучер.

Помеѓу клубовите најголемите ваучери ги добија Шкендија, Шкупи, МЗТ Скопје и РК Вардар.

Шкендија и Шкупи добија по 11.5 милион денари, а од фудбалските клубови зад нив е струмичката Академија Пандев со еден помалку.

Актуелниот шампион, РК Вардар доби ваучер од 17 милиони денари, зад него очекувано е Еурофарм Пелистер со 15.5 милиони денари.

Во кошарката МЗТ Скопје добива 13 милиони, ТФТ два помалку. Потоа следи Пелистер со 9, Феникс со 8.6, Работнички доби 8.4 милиони денари.

КОМПЛЕТЕН СПИСОК НА СПОРТИСТИ – ТУКА

КОМПЛЕТЕН СПИСОК НА ФЕДЕРАЦИИ – ТУКА

КОМПЛЕТЕН СПИСОК НА КЛУБОВИ – ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…