Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа втората победа во серијата против Лос Анџелес Лејкерс (101:99), но победата падна во втор план по видеото на кое се гледа тепачка на трибините во која учествуваат браќата на Никола Јокиќ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Откако влегол во расправија со еден од обожавателите, Страхиња Јокиќ со тупаница го удрил навивачот во глава и со тоа предизвика лавина коментари.
Видеото ги преплави социјалните мрежи, а набрзо полицијата објави дека отворила истрага и побара сведоците на настанот да помогнат во пронаоѓање на жртвата која не го пријавила случајот.
Паралелно со тоа, покрај барањето за забрана за влез на Страхиња на натпреварите, се појави и барање Никола Јокиќ да биде суспендирани. Одредени навивачи сметаат дека со суспензија на Јокиќ НБА лигата би испратила јасна порака дека ќе биде ригорозна во иднина за ваквите ситуации.
I think the league has to send a message here that this is unacceptable and suspend Nikola Jokic for at least 5 games. https://t.co/hzxDuYXBOA
— Insane Asylum Sources (@hmfaigen) April 23, 2024