Дома Останати Американски ММА борец од само едно кроше се здоби со осум фрактури (видео)

Американски ММА борец од само едно кроше се здоби со осум фрактури (видео)

0

Американскиот ММА борец и бивш член на UFC, Сејџ Норткат, ќе се обиде што поскоро да го заборави своето деби во азиската организација One Fighting Championship.

Причина за тоа е едно фатално кроше кое Норткат го доби од бразилскиот „фајтер“ Космo Александре, после само 29 секунди од почетокот на борбата, удар кој ќе го следи до крајот на неговиот живот.

Александре славеше победа со нокаут во Сингапур, а Сејџ набрзо заврши на операциона маса поради осумте фрактури кои ги здоби од само тој еден единствен удар. Операцијата траеше цели девет часа.

„Свеж после операција. Имав осум фрактури и деветчасовна интензивна операција. Се чувствувам благословено поради неверојатното внимание кое го добив од организацијата ONE, пријателите, семејството и обожавателите. Мојата терминатор фаца не е толку страшна. Ќе се вратам! Следи отстранување на катетарот“, порача Норткат на социјалните мрежи.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Откриено против кого ќе се бори Конор: Повторно оди во бокс меч!?

УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор се спрема за враќање на борбите. Ирецот на Твитер неодамна об…